Радикални исламисти му се заканувале по живот на Мицкоски откако даде поддршка на Израел

Oпозициската партија ВМРО-ДПМНЕ информира дека откако нивниот лидер Христијан Мицкоски даде поддршка на Израел, на правото на самоодбрана на Израел,  тој се соочил со големи организирани напади  од радикални исламистички структури кои му се закануваат по неговиот живот и животот на неговото семејство. 

Партијата реагира затоа што досега не виделе никаква реакција од МВР за да го заштитат Мицкоски. 

Александар Николоски од  ВМРО-ДПМНЕ направи паралела за според него двојните аршини на МВР под водство на Спасовски, кое во едни случаи експресно реагира, а во други, кога треба да се заштити некој политички неистомисленик на Заев, нема реакција.

Николоски го повика МВР да реагира, во спротивно како што кажа тој тоа ќе значи дека Оливер Спасовски и Зоран Заев ова го прават намерно и тенденциозно.Пред два дена, Мицкоски со објава на социјалните мрежи даде поддршка на Израел. 

Во меѓувреме, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се заблагодари и на Македонија за поддршката која ја даде во време кога тие се борат против Хамас. 

„Внимателно ја следиме состојбата во Израел, значајното зголемување на насилствата, вклучително и постојаниот напад од ракетен оган од Појасот Газа кон Израел. Испалувањето на ракети од Газа насочени кон цивилното население на Израел е целосно неприфатливо и дополнително ги зголемува тензиите во регионот. Истовремено го издвојуваме правото на Израел за заштита и одбрана на своето население и територија од нападите на терористичката организација Хамас. Апелираме кон политичките лидери во Израел и во регионот да продолжат со вложување на искрени напори за деескалација на судирите и одлучно да дејствуваат против екстремизмот кој создава сериозни безбедносни проблеми и го загрозува животот на цивилното население“, напиша Мицкоски. 

Total
0
Shares
Поврзани објави