Радиоактивен отпад од 16 тони ракетно гориво се чува во Ѓорче Петров

Во Ѓорче Петров се уште се чуваат над 16 тони ракетно гориво кое порано се користело за противградобијните ракети. Овој отпад е опасен поради радиактивноста и опасноста од евентуална експлозија. НАТО побарале од домашните власти да се уништи ова гориво, но никој досега не преземал ништо за отстранување на оваа опасна материја. Од компанијата Макпетрол, во чија сопственост се просториите каде што е складиран овој вид на гориво, за Алсат М телевизија велат дека складираните материјали и припаѓаат на Владата и дека таа е надлежна за нив.
-Макпетрол е сопственик на недвижниот имот каде што се наоѓаат објектите на Темко, во кои се чуваат работи кои се во сопственост на Република Македонија.
Владата го признава постоењето на ова гориво во просториите на Темко. Заменик министерот за животна средина Јани Макрадули вели дека отстранувањето треба да се направи преку почитување на еколошките стандарди и во целосна транспарентност кон јавноста.

Total
0
Shares
Поврзани објави