Рашковски нуди половина милион евра за да излезе од притвор, Вишото обвинителство прифаќа

Вишото јавно обвинителство Скопје се согласува Драги Рашковски да излезе од притвор со гаранција, потврдија за „360 степени“ од обвинителството. Ваквиот став на второстепената обвинителска инстанца следи по жалбата на Рашковски на продолжувањето на мерката притвор против него во втората половина на мај од страна на Кривичниот суд во Скопје.

Од обвинителството, на прашањата на „360 степени“ објаснија и дека понудената гаранција е во висина од околу 500 илјади евра.

Тоа што Вишото обвинителството се согласува Рашковски да излезе од притвор не значи и дека тоа на крај ќе се случи. Обвинителството само дава мислење, а одлуката ја носи Судот. Во случајот, надлежен за конечната одлука е Апелациониот суд во Скопје кој треба да одлучи по жалбата.

Izvor 360 stepeni

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Зеќири останува во притвор

Поранешниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири останува во притвор во истражниот затвор „Скопје“, бидејќи денеска Апелација го потврди…