РАСТЕ БРОЈОТ НА ДЕЦА ВО ДОМАШЕН КАРАНТИН- и дете од градинката „Пролет“ во Козле во домашна изолација

Вртоглаво расте бројот на деца кои се во домашна изолација во општина Карпош.

Покрај трите деца утрово од основното училиште Владо Тасевски од Козле кои се во домашна изолација и двете деца од основното училиште Братство чии родители исто така биле на симпозиумот во „Рагуза“ денеска нов случај на изолирано дете и во градинката Пролет.

Истата инаку е во непосредна близина на основното училиште Владо Тасевски.

КУРИР дознава дека мајка на едно од децата во изолација од градинката Пролет вчера доцна попладнето ги информирало родителите од групата во кое оди нејзиното дете дека поради актуелната состојба и нејзиното дете ќе го задржи дома иако вчера во текот на денот било во градинка.

Инаку мајката на детето кое е во изолација во саботата била во „Рагуза“ на симпозиумот на кој присуствуваа над 100-тина кожни специјализанти и сите се во домашен карантин.

Директорката на градинката пролет одби да даде телефонска изјава за КУРИР образложувајќи дека има многу работни состаноци и за истата да се обратиме на лице место во градинката.

Total
0
Shares
Поврзани објави