Разбојнички банди дење напаѓаат по станови во скопски Карпош

Неколку станови ограбени , луѓето исплашени, полицијата врши увид и трага по сторителите по серијата обиди за разбојнички кражби во скопската населба Карпош. Слични кражби се случувале и во други населби но последниве две седмици највројатно организирани групи се активни во овој дел од градот. Според сведоштва на жители од зградите разбојниците се обидуваат да влезат на сред бел ден дури и кога сопствениците се дома.
-Сред бел ден пробале на жена да и влезат дома. Повторно се случи исото. На соседите пробуваа да им влезат во 9 сабајле отклучив врата и избегаа. Најстрашно од се беше кога се симнав пред зградата, стоеше еден човек и возбудено викаше на телефон , спомнувајки улица, кражба и немаше 1 минута долета полиција, така да највероватно ровареле утрината по околните згради. Се уште не можам да си дојдам на себе. Едноставно мислев дека некој од нив излегува (обично исто време излегуваме) и не ни помислив да погледнам низ шпиунката ..не знам што ќе беше право на нив ќе налетав ако не ми се заглавеше клучот, а тек луѓето спиеја дома и излегуват поспани ми викаат абе некој пробаше да влезе. Тек тогаш сватив што се случило, пишуваат загрижени жители на населбата.
Од сведоштвата на социјалните мрежи мајка од Хром пишува дека станот и се наоѓа на приземје. Во зорите околу 4 часот ќерка и се разбудила и пред себе видела силуета од маж. Се исплашила викнала а мажот набрзина ја грабнал чантата која била во близина и побегнал.
И друга жена сведочи како маж се приближил до врата на станот и звонел на звончето. Таа не му отвориле но го следела преку шпинката. Мажот наводно зборувал по телефон с еврткал пред вратата и наеднаш се завртел и пробал да ја отвори кваката. Таа свикала од внатре и тој побегнал и викал дека наводно го згрешил спратот.
Жителите на Карпош но и на другите наслеби во Скопје пишуваат дека се повеќе и повеќе се жртви на вакви насилници и дека и покрај тоа што полицијата се обидува да ги фати тие се организираат да се заштитет со алрми кучиња чувари и на други начини.

фото:илустрација

Total
0
Shares
Поврзани објави