Разговорите на мешовитата македонско-бугарска комисија завршија без успех

Копретседавачите на мешовита комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија Драги Ѓорѓиев и Ангел Димитров велат дека не постигнале договор за Гоце Делчев, а има мали поместувања за учебниците.

Шефот на македонскиот тим Ѓоргиев објасни дека имале интензивни и напорни дискусии, а Димитров ги опиша разговорите со метеоролошки речник, „сиво и облачно, со малку дожд, а одвреме- навреме кратко и сонце“.

Ѓеоргиев рече дека Гоце Делчев останува пречка за сопнување.

„Во однос на Гоце Делчев, имаме на маса нови предлози и нови идеи кои беа разгледувани, кои беа дискутирани и ќе продолжат и понатаму да бидат тема на разговор веќе на следната средба на комисијата во Софија“, рече Ѓоргиев.

Некаков напредок за македонските учебниците има, рече Димитров и додаде дека од 14 нивни забелешки стигнале само до третата.

„Што се однесува за разговорите за темата која привлекува толку многу внимание, Гоце Делчев за жал немавме ниту време, ниту можност да постигнеме нешто повеќе од тоа што го правевме досега “, рече Димитров.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

САЛМОНЕЛА ВО ТРИ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО КАРПОШ – најмногу заразени деца во „Владо Тасевски“, родителите го обвинуваат училиштето дека го крие случајот!

Најмногу, пет деца се затруени со бактеријата Салмонела во основното училиште „Влада Тасевски“ во општината Карпош. Како што…