Разрешена судијка од Охрид – осуден убиец излезе од притвор и побегна

Судскиот совет информираше дека на вчерашната седница во постапките за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд донесе одлука со која е утврдено нестручно несовесно вршење на судската функција, одлука со која е изречена дисциплинска мерка писмена опомена и одлука со која е разрешен судија од вршење судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено е донесена одлука за времено оддалечување на судијата од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката.

Медиумите објавија дека станува збор за судијката Весна Кичеец од Основниот суд Охрид, за која Советот утврдил грешка во нејзиното работење поради неитно постапување за случајот на убиството кое се случи на новогодишната ноќ во 2016 година во Охрид, со што на обвинетиот му истекол притворот и излегол на слобода, по што избегал од Македонија.

Станува збор за убиството на младиот охриѓанец Димитар Матилоски во центарот на градот, кој беше претепан до смрт од страна на српскиот турист Бојан Угреновиќ.

Судијката Кичеец во изјава за телевизијата 24 најави жалба против разрешувањето.

„Искрено не можам да поверувам во информацијава. Секако дека ќе поднесам жалба. За Ваша информација, првата моја одлука за Угреновиќ е донесена само по месец и половина од добивање во работа на предметот, по признание на вина и изречена му беше казна од 16 години.

За Апелација Битола казната беше висока, ја укинаа пресудата, висока била казната и покрај тоа што остануваа уште помалку од 4 месеци до максиналниот рок за притвор.

Повторно ја донесов истата одлука, Апелација ја преиначи на 8 години, Врховен ја преиначи нивната и повторно изрече 16 години. Навистина незнам каде е мојата вина, цените сами, меѓутоа, тоа е што е, мора да се прифати“, вели Кичеец.

Total
0
Shares
Поврзани објави