Реџепи ќе бара пратениците на Села и Гаши да го бојкотират Собранието

Генералниот секретар на Алтернатива на Африм Гаши, Скендер Реџепи, има намера да предложи на пратениците на албанската опозиција да го бојкотираат собранието поради тоа што државните институции ја легитимирале кражбата на гласови на избори од страна ДУИ.

„Ако во наредните неколку дена, работите не се променат во интерес на Албанците, јас ќе им предлагам на претседателствата и на претседателите на коалицијата „Сега е време“, да се бојкотира работата на Собранието на Република Северна Македонија и со тоа да им се стави на знаење на сите фактори внатре и надвор од земјата дека не може да се игра со политичкото достоинство на Албанците“, напиша на неговиот фејсбук профил Реџепи.

Тој ја обвинува ДУИ дека ги измамил Албанците со идејата за албански пример, но се покажало дека вистиснките црвени линии на ДУИ се заштита на тесно партиски интереси и на луѓето заложници на системот на државата. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави