Реџепи се пофали дека помагал Пендаровски да стане претседател

Поранешниот поглавар на Исламската заедница, Сулејман Реџепи, вчера во интервју за Телевизијата 21 се пофали дека помагал за изборот на претседател на С.Македонија, Стево Пендаровски.

Реџепи објасни дека Миле Зечевиќ од СДСМ и Изет Меџити од ДУИ, пред претседателските избори го замолиле да ги повика муслиманите од Македонија да гласат за Стево Пендаровски.

-Дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Два Пендаровци, двајца Стевовци можеа да се изберат со тие гласови со кои интервенирав јас. Јас ја повикам мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано, ова е твоја победа не моја“, појасни Реџепи.

Тој верува дека неговиот повик бил клучен Пендаровски да биде избран за претседател и дека тоа самиот го признал.

„Ова е твоја победа, не моја“, му рекол наводно Пендаровски на тогашниот Реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

Total
0
Shares
Поврзани објави