Рекордна заплена на кокаин во САД , во групата и Балканец

Во една од најголемите заплени на кокаин во историјата на САД, во акција на пристаниште во Филаделфија, американските власти открија 16,5 тони (15 метрички тони) од таа дрога во товарен брод „МСЦ Гајан“. Покренати се федерални обвиненија против двајца морнари, кои признале дека помогнале во товарење на кокаинот на бродот додека бил на море.

Според судски документи, обвинети се Иван Ѓурашевиќ и Фонофаве Тиасаге. Федерални агенти откриле дека тие го истоварале кокаинот од 14 чамци.

Американските федерални власти запленија на пристаништето во Филаделфија кокаин, чија улична вредност се проценува на повеќе од една милијарда долари, објави претходно на Твитер канцеларијата на државниот обвинител за Источниот округ на Пенсилванија.

-Ова е најголемата заплена на дрога во историјата на Источниот округ на Пенсилванија. Членови на екипажот на бродот се уапсени и се соочуваат со федерално обвинение, а истрагата е во тек, објави канцеларијата на Твитер.

Инспекторите веруваат дека кокаинот е префрлен на товарниот брод „МСЦ Гајан“ на Бахамите или откако го напуштил пристаништето на тие острови.

Се наведува дека бродот во САД пристигнал од Чиле, преку Панама и Бахами.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Уапсениот шеф на Коза Ностра убил 50 луѓе, меѓу кои и двајца судии, има супермаркети на Сицилија, милијарди, и бизнис врски со Берлускони

Италијанските карабинери го уапсија најбараниот мафијашки бос во земјата, Матео Месина Денаро, јави италијанската новинска агенција АНСА. Денаро,…