Рестораните за свадби бараат двојно поголема државна помош

Регистрираните ресторани за свадби со ребалансот на буџетот превидено е да добијат помош од еден милион евра. Зависно од остварениот промет минатата година секој ресторан ќе треба да добие помош од 10 до 30 евра.

Сопствениците на ваквите ресторани сметаат дека помошта е добродојдена, но недоволна. Тие сметаат дека за стабилизирање од шестмесечното неработење, на 150 ресторани им се потребни околу 2,5 милиони евра.

Со таа помош зимава би ги платиле режиските трошоци, кириите и каматите на кредитите.

Тие нема да аплицираат за субвенции за плати, зашто по истекот на мерката, во јануари и февруари, ќе мора на вработените да им даваат цела плата и да им плаќаат придонеси.

Затоа, остануваат на барањето да се донесат протоколи по кои ќе работат, како единствен спас за нив.

Total
0
Shares
Поврзани објави