Родителите да се вратат на работа оти градинките имаат место за сите деца

Mинистерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска изјави дека родителите со мали деца треба да се вратат на работа затоа што градинките имаат простор за примање деца.

Градинките има место за сите деца, а заради зголемен број деца во јасли, протоколот сега предвидува место шест деца во група, за нив да биде дозволено до 12, затоа што вирусот меѓу нив не се шири и постои многу мал ризик за пренесување на болеста.

Шахпаска вели дека приоритет имаат децата на самохрани родители и оние чии родители мора да одат двајцата на работа. „Има место за уште 4.500 деца“, тврди таа.

Според неа, дел од родителите на деца кои можат да одат во градинка не ги носат децата, а тие продолжуваат да не одат на работа.

Во врска со жените на продолжено породилно боледување таа вели дека треба да одат на работа затоа што се здрави и не спаѓаат во групата ризични.

„Барањата да се продолжат мерките за родители на деца до шест или 10 години да не одат на работа не се издржани“, истакнуваа Шахшаска.

Децата, воспитувачката и негувателката во градниката во Центар се во самоизолација откако се појавил ковид-позитивно дете.

Шахпаска појасни дека детето било во градинка само еден час, првиот ден кога се отворија

Total
0
Shares
Поврзани објави