Родителите плаќале на градинките иако беа затворени

И покрај тоа што пет месеци не работат, детски градинки во повеќе градови од земјава им наплаќаат на родителите за неиспорачаната услуга.

Износот кој градинките им го фактурираат на родителите е 30 проценти од месечниот надомест. Згора на се, голем дел од родителите кои поради коронакризата останаа дома да ги чуваат своите деца, ја загубиле работата, па овој трошок им е дополнително оптеретување. Поради ова, неформално здружение потпишува петиција, со која бара државата да интервенира. 

„Да се укине надоместокот за режиски трошоци или за чување на место во установата до повторно отварање на детските градинки, на државно ниво. Оние кои веќе го платиле долгот за досегашните месеци да им се овозможи пребивање на сумата откако ќе се отворат објектите, а доколку детето е во голема група (претшколска) да им се рефундираат средствата. При повторно отварање на установите – детските градинки, да се овозможи прием на децата чиишто родители добиле отказни решенија откако градинките се затворени.“, бараат тие.

Градинките се бранат дека наплатата е според важечки правилници и дека иако се затворени и понатаму плаќаат комуналии за струја, вода и други режиски трошоци.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека за ова не се надлежни тие, туку општините, кои се основачи на градинките.

„Според законот, цените на услугите и износот на надоместок  на трошоците за престој во јавната установа за деца што паѓа на товар на родителите чии деца ги користат нивните услуги, ги утврдува Советот на основачот на предлог на управниот одбор на јавната установа за деца.“, велат од министерството. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русија пронајде лек за корона

Нов лек кој може да помогне во ублажување на најсериозните компликации предизвикани од коронавирусот регистрирале руските научници. Според…