Рудникот Саса смирува, истекот на јаловишни води запрен, закана нема

Рудникот Саса потврди дека денеска изутрина се случил дефект на насипот на јаловиштето број 4 на рудникот, при што имало краткотрајно истекување на јаловишни води во локалниот речен тек.

„Набргу по дефектот истекувањето е запрено и состојбата е нормализирана“, се вели во соопштението на Саса и додават дека професори од рударскиот факултет во Штип и градежниот факултет во Скопје, заедно со стручни екипи на компанијата, отпочнале детална истрага за причините за инцидентот. 

„Првичните резултати од истрагата покажаа дека дефектот не претставува закана за здравјето и безбедноста на вработените во рудникот и на жителите во неговата околина“, додват тие.  

Тие информираат дека за инцидентот ги известиле сите надлежни институции на државно и локално ниво.

Total
0
Shares
Поврзани објави