Русија трага по коските на руските војници загинати на македонско тло

Амбасадорот на Руската федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин вели дека во македнско тло во Првата свестка војна се паднати над 4.200 руски војници и дека руската амбасада работи на идентификација на нивните гробови.

„Повеќе од 4.200 војници и офицери на 2-та и 4-та специјална бригада на руската императорска армија, исполнувајќи го својот сојузнички долг во состав на Источната армија на Антанта, ги положиле своите животи на македонско тло. Како и многуте нивни браќа по оружје, тие не се штеделе себеси на боиштата, покажале пример на лична смелост, храброст, хероизам – карактеристики по кои низ вековите е познат рускиот војник “, изјави Бездникин, при традиционална комеморација на прилепските Германски гробишта по повод 1 август, денот на сеќавањето за загинатите руски војници од Првата светска војна.

Тој смета дека лекциите од Првата светска војна нè потсетуваат на тоа колку разорни се последиците од поделби во алијанси и политики на конфронтација.

„ Во 1914 година, Русија вложуваше секој можен напор за да се избегне крвопролевањето во Европа, но беше принудена да одговори на предизвикот, штитејќи го братскиот словенски народ“, истакнал Баздникин и додал дека денешната руска надворешна политика се стреми кон мир и конструктивна соработка меѓу државите врз основа на еднаквост и заемно почитување, немешање во меѓусебните внатрешни работи.

На денешната комеморација на Германските гробишта во Прилеп имаше панихида, а пред споменикот на загинатите руски војници од Првата светска војна се поклонија и положија свежи цвеќиња од Амасадата на чело со амбасадорот Баздникин, претставници од Македонско-руското друштво на пријателство и прилепскиот градоначалник Илија Јованоски. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави