Руската влада поднесе оставка – следуваат уставни измени

Руската влада денеска поднесе оставка, само неколку часа откако претседателот Владимир Путин во своето годишно обраќање до нацијата побара уставни измени со кои ќе се зголеми моќта на парламентот. Mедведев во обраќањето во живо на владиниот состанок со Путин, рече дека по донесувањето на уставните измени, што најверојатно ќе следи по дискусиите, ќе има значајни промени во балансот на моќта.

“Во тој контекст, ние како влада на Руската федерација мора да му обезбедиме на претседателот на нашата земја можност да ги направи сите потребни одлуки и во такви услови мислам дека владата на Руската федерација направи вистински чекор со оставката“, рече Медведев.

Претходно, денеска Путин во обраќањето во дводомниот парламент рече дека треба да има амандмани на Уставот од 1993 година со кои на државната дума ќе и се даде право да ги именува министрите, моќ која сега ја има претседателот.

Истовремено, тој рече дека Русија би требало да остане претседателска република, а шефот на државата да има права да го отпушти премиерот и министрите и да ги именува високите раководители во безбедносниот и одбранбениот систем.

“Давањето такви предложени реформи ќе предизвика сериозни промени во политичкиот систем, законодавството, извршната и судската власт и мислам дека е неопходно да се прашаат и граѓаните за целиот пакет на предложени амандмани на рускиот Устав“, рече Путин без да каже конкретен датум кога би се одржал референдумот.

Total
0
Shares
Поврзани објави