Руски лекари први во светот му пресадија на дете црн дроб и бели дробови

Руски лекари од Научниот медицински истражувачки центар „Академик Шумаков“ први во светот му пресадија црн дроб и бели дробови на дете заболено од цистична фиброза. Операцијата извршена на 2-ри февруари траеше шеснаесет часа. Во овој момент пациентот по успешното закрепнување се подготвува да излезе од болницата, пренесуваат руските медиуми.

Оперираното момче Михаил е од село од островот Сахалин. Кај него е дијагностицирана цистична фиброза, наследна болест која зафаќа неколку органи, како и цироза на црниот дроб. Тој тешко се движеше и не можеше да живее без постојан довод на кислород. Операцијата ја изведоа стручњаци на Центарот на чело со директорот Сергеј Готје. Според неговите зборови, тоа беше првата успешна трансплантација на три органи, вклучувајќи ги двете белодробни крила, извршена врз деветгодишно момче. Во медицинската пракса досега не е забележено успешна пресадување на органи на деца од таа возраст. Три пати е пробано во светот со ваква операција на пациенти на возраст од 25 до 30 години и сите три беа неуспешни.

Според министерката за здравство на РФ Вероника Скворцова, тешко било да се најдат органи, со оглед дека пациентот е тежок 30 килограми. Како што истакна таа, Центарот „Академик Шумаков“ денес е водечка научна и методолошка установа во областа на трансплантација и донација на органи во Русија.

Цистичната фиброза е ретка наследна болест предизвикана од мутација на специфичен ген, а ги погодува жлездите со внатрешно лачење, респираторните органи, црниот дроб и панкреасот. Смртен исходот се бележи во 50 до 60 отсто од случаите, а пациентите со оваа болест доживуваат од 20 до 50 години, во зависност од земјата.

Во Русија во последните три години бројот на пресадувања на органи е зголемен за 1,5 пати. Минатата година беа извршени речиси 1400 трансплантации на бубрег и речиси 500 трансплантации на црн дроб. Речиси 200 од 290 операции во 2018 година се извршени во центарот „Академик Шумаков“. Првата операција за пресадување на бели дробови на дете е извршена 2016 година. Во ноември минатата година беа изведени првите испитувања на вештачко срце.

Total
0
Shares
Поврзани објави