Рускоска до Боки : Да не мислеше на себе кога кажа фукара!

Докторот на Бојан кој го оперирал за намалување на тежината сведочеше во судот и потврди дека правел операција. Кажа дека се разговарало и за Катица да направи иста операција но тоа не се случило. Во судот беше сведок и возачот на  Бојан Јовановски, Стојан Арсовски кој кажа дека два пати го возел Боки 13 до домот на Орце Камчев и според него тие биле блиски пријатели. Тој го возел Боки 13 и до Милано каде како што сведочеше на Боки му давале подароци брендирана облека.

„Бевме заедно со Бојан, неговата мајка и нивна пријателка. Освен ова патување, уште еднаш бевме во Милано повторно со Бојан, неговата мајка и пријателка. Пред да одиме во Милано, бевме во Белград на вечера со Марина Туцаковиќ со нејзиното семејство. На таа вечера сопругот на Марина на Бојан му даде плико со многу пари”, рече Стојан Арсовски, сведок во „Рекет“.

Повторно Бојан и Рускоска влегоа во вербален дуел:

„Чесен суде, јас нема да го цитирам Гоце Делчев како што некој што не се достојни го цитираа. Јас ќе завршам со една мисла од Иво Андриќ. „Доаѓаат времиња кога паметниот ќе замолчи, будалата ќе проговори, а фукарта ќе се обогати“, рече Боки 13.

„Да не мислеше на себе кога кажа фукара!?“, запраша обвинителката Русковска.

„Срам да ви е!“, возврати Боки 13.

Адвокатите на Јанева имаа само едно прашање до сведокот – доктор. Дали Јанева била оперирана за намалување на тежината, на што докторот одговори негативно. По завршувањето на сведоците на БОКИ 13,  судењето ќе продолжи со сведоците на Јанева. Според информации на Алсат најмалку 7 сведоци ќе бидат повикани за случајот „Рекет“.

Total
0
Shares
Поврзани објави