Русковска: Мијалков не може да помине граница затоа што му е одземен пасошот

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Русковска, во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ истакна дека Мијалков не може да премине преку граница, затоа што му е одземен пасошот.

„Не сум информирана за други пасоши, бидејќи сите предмети што се против него се од поранешното СЈО, така што за патната исправа на РС Македонија знам, а дали има други патни исправи тоа ќе треба да се прашаат колегите од поранешното СЈО. Знам дека кога беше притворен, а потоа пуштен во куќен притвор Јордан Камчев, него му беа одземни две патни исправи, македонска и бугарска, а дали Сашо Мијалков има уште некоја патна исправа не ми е познато. Ни формално правно Мијалков не би можел да биде пуштен да ја напушти државата. Доколку тоа го направил, а немам сознание дека е така, тогаш тоа го направил нелегално“, рече Русковска.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Кичеец пуштен од притвор

Кривичен совет на Основен суд Гостивар вчера ја укинал мерката притвор за затвореникот Зоран Милески – Кичеец, кој…