Сѐ уште траат консултациите со ЕУ кога ќе се дозволи влез на македонски државјани во Унијата поради состојбата со Ковид-19, вели Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров вели дека сѐ уште траат консулатциите со Европската Унија за доа дали да се дозволи влез во Унијата за македонските државјани и од кога би важело тоа со оглед на состојбата со Ковид-19.

„На видеосредбата со моите колеги од Балканот што ја реализираше еврокомесарот Вархеји, тој кажа дека процесот на консулатции трае, дека одлуките ќе бидат врз основа на објективни критериуми во однос на епидемиолошката слика во сите земји од Западен Балкан. По друго прашање вчера имав телефонски разговор со австрискиот министер за надворешни работи Шаленберг и уште некои други извори“, рече Димитров, кој додаде дека сега е неблагодарно да зборува, бидејќи сѐ уште нема одлука.

„Во моментов малку од шесте држави од Западен Балкан ќе ги исполнат критериумите за да бидат на таа целосно бела листа на ЕУ, да почекаме и да видиме“, рече Димитров.

Европската унија ќе донесе препораки кон земјите членки, но одлуката дали ќе се применува и како ќе биде на земјите членки.

„Препораката ќе се менува и ќе се ажурира на секои 14 дена во однос на динамиката, случувањата околу епидемиолошката слика на сите земји“, рече Димитров.
Тој кажа дека веројатно Европската унија на почетокот на следната недела ќе донесе одлука.

Total
0
Shares
Поврзани објави