Сама чекав 12 часа пред операциона сала – детето кое никој не се нафати да го оперира во Скопје се опоравува во Италија

Специјален медицински тим од Институтот „Џанина Џаслини” од Џенова – Италија изврши транспорт на дете со сложена клиничка слика од Универзитетската клиника за детски болести – Скопје во болницата во Италија. Оваа вест која беше објавена кон крајот на минатата година го привлече вниманието на македонската јавност.

Целиот медицински тим од одделението за интензивна нега и лекување и од одделението за гастроентеропатија и онколошкото одделение го подготвија малиот јунак за нов животен предизвик. Додека граѓаните „стискаа палци“ за поскоро опоравување, патувањето до Италија за мајката на малиот, а голем борец, траело како цела вечност.

Фото: Детска клиника

По заминувањето тој саботен декемврски ден, младата мајка Надица Ристова се нема вратено овде. Лекувањето во Италија се’ уште трае и таа таму  му се радува на секој момент поминат со синчето, иако бројните предизвици и понатаму се присутни.

Македонски медиа сервис разговараше со Надица за тоа како се снаоѓаат во Италија со нејзиниот сопруг Стефан, кој таму замина малку подоцна од неа.

Таа гордо споделува детали за растењето и за насмевките на Лука, за надежта, за бескрајната родителска љубов.

„Во моментот на заминување Лука беше со доста тешка клиничка слика, респиратор и видно зголемена туморна маса. Предизвици…ох, многу се на број. Неизвесноста си го правеше своето. Лекување во Италија беше потребно поради тоа што во Македонија сѐ уште не се извршува таква тешка операција каква ни беше неопходна“, објаснува Надица.

Лука е роден со само 720 грама во 29-та гестациска недела, но со раст кој одговарал на 25-та гестациска недела. По вкупно 67 дена поминати во болница, младите родители си го зеле синчето дома.

Лука е роден со микроцефалија и глувост, по што е дијагностициран и тумор на црниот дроб. Токму поради туморот, како што и тогаш раскажа д-р Софијанова за ММС, Лука мораше да го продолжи лекувањето во Италија со цел да се извади делот зафатен со туморот, а да се трансплантира нов дел.

Операцијата при која била извршена трансплантацијата траела дури 12 часа. Како се чувствувала во тој момент, Надица вели дека не може да долови со зборови.

„Операцијата е направена пред скоро два месеца. Како се чувствував не можам да  доловам со зборови, сопругот сѐ уште не беше покрај нас, седењето и чекањето сама пред операциона сала е ужасно. Во еден момент чувство на среќа затоа што детето ти го спасуваат, во друг момент страв и неизвесност за она што се случува зад затворените врати“, раскажува мајката на Лука за Македонски медиа сервис. Сепак, таа додава дека опоравувањето на детето одело многу брзо.

сторијата продолжува на MMC.MK

Total
0
Shares

USJE
Поврзани објави