Само во Велес полицијата казни 27 мотоциклисти

Полицијата во Велес последните 24 часа на територијата на општината спроведе акциска контрола за откривање и санкционирање на прекршоци сторени од учесници во сообраќајот кои управуваат мотоцикли.

Од МВР информираат дека притоа санкционирани се 27 возачи на мотоцикли кај кои се констатирани низа прекршоци. 

„Истовремено, откриени се и законски санкционирани и 18 други прекршоци. Покрај во Велес, како што веќе информиравме, во текот на изминатото деноноќие во Скопје беа санкционирани 384 учесници во сообраќајот, а МВР ќе продолжи со зајакнати сообраќајни контроли и во наредните денови, со кои ќе бидат опфатени сите учесници во сообраќај во сите градови во државата, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. – велат од МВР.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Груевски доби азил

Унгарската Канцеларија за миграција го одобрила барањето на осудениот екс премиер, Никола Груевски, за политички азил во Унгарија,…