СДСМ и ДУИ договорија нова влада

Лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети договориле состав на нова влада, која очекуваат да го нистера до крај мандатот од четири години. Коалицискиот договор наредните два дена ќе треба да се одобри од партиските органи од двете партии.

Заев рече дека се договориле кадрите што ќе се предложат ќе бидат квалитетни, одговорни и отчетни кадри, кои се подготвени во целост да ги испорачаат програмските определби и принципи.

„Врвна определба на коалициските партнери е да се јакне економскиот стандард на сите граѓани, платите да продолжат да растат, да се вложува во нови работни места, во јасни перспективи за младите и во рамномерниот регионален развој, да се води посебна грижа за најсиромашните граѓани и да се дава постојана поддршка на домашниот приватен сектор и да се продолжи со привлекување на странски инвестиции“, рече Заев.

Тој вети дека новата влада ќе води неселективна и длабинска борба со криминалот и корупцијата на сите нивоа, без разлика дали некој доаѓа од партија, од општина, од институција, дали е експерт, функционер, познат или непознат

Според него, постои согласност за прочистување на правосудството и проверка на потеклото на пари и капитал кај секој функционер, кој допрва ќе се осогласиимајќи ги во предвид најдобрите европски практики. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави