СДСМ уверува дека состојбата со коронавирусот е под контрола

СДСМ уверува дека и покрај сериозноста на ситуацијата со пандемијата на корона вирусот, состојбата е под контрола и никој нема да остане без здравствена нега.

„Сега е неопходно сите граѓани доследно да ги почитуваат мерките и задолженијата за заштита од коронавирусот. Само на тој начин, заедно можеме да ја намалиме трансмисијата на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, велат од СДСМ.

Велат дека со измените на Законот за заштита на населението од заразни болести се предвидени мерки кои гарантираат повисок степен на заштита и ќе го намалат ширењето на вирусот.

Потсетуваат на обврската за носење маска на отворено и на забраната за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот, а угостителските објекти се затвораат во 23 часот.

Total
0
Shares
Поврзани објави