Се бара правна форма да се ослободат од карантин и изолација луѓето кои влегле во земјата

Се бара правна форма да се ослободат луѓето кои се во државен карантин или во домашна изолација по влезот во земјата од странство, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција.
Тој рече дека одлуката на Владата за отворање на границите е донесена врз основа на податоците дека Р0 факторот повеќе денови е под единица и дека Македонија е една од ретките земји која меѓу првите ги затвори границите. Сите предвидувања и анализи за бројките, министерот рече дека ги зема со резерва, бидејќи секогаш може да се случи да се појави одредено жарите кое не го предвиделе.
„Многу малку луѓе што беа во карантини развија симптоми, тоа се неколку десетици од илјадници, кои беа изолирани. Се бара правната форма за луѓето кои имаат решение за изолација кои ги поминале границите да се ослободат од изолацијата и од државните карантини. Блиску сме до решение. Тоа ќе важи за сите кои влегле во земјата и се во државен карантин, или се во домашна изолација со такво решение“, рече Филипче

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави