Се чекаат напатствија за прославата на Илинден -корона меѓу медиумски работници

Деновиве стигнаа и резултати од скринингот извршен кај медиумските работници. Од до сега пристигнати резултати од 504 тестирани 26 биле позитивни. Резултатите покажале дека кај некои вирусот поминал , но кај неколкумина уште го има . Дел од медиумските работници направиле и дополнителен детален преглед и добиле негативен резултат. Податоците се за испитувањата до петокот, а се чекаат и податоци од центрите за јавно здраве низ државата.

Во Крушево, во пресрет на празникот Илинден чекаат Комисијата за заразни болести да каже како ќе се прославува и како ќе се одвива манифестацијата „10 дена Крушевска Република“.

Само се знае дека програмата на манифестацијата ќе биде скратена, но за сè друго, треба да даде препораки Комисијата за заразни болести.

К.М.

Total
0
Shares
Поврзани објави