Се излеа јаловина во Каменичка Река

Коритото на Каменичка Река од утрово плива во јаловина која што, според информации на граѓани на Македонска Каменица се влеала во Калиманско езеро.

Меѓу првите кои излегоа на терен беа членивите на здружението на спортски риболовци „Шаран” кои ја констатираа, како што наведуваат, катастофалната состојба.

-Наши членови во моментот се на терен, земаат мостра од присуството на јаловина во водите на Каменичка Река. Мострите дополнително ќе бидат препратенаи до надлежните на испитување. Она што е очигледно е дека има помор на риби во реката, а дополнително ќе утврдуваме дали тоа е случај и на Калиманско езеро, истакнаа од здружението ,,Шаран”.

Во меѓувреме, во моментот Општината закажа состанок со надлежните по кој најавија подетална информација за денешното излевање на јаловина во коритото на Каменичка Река. Соопштение исто така е најавено и од Рудник Саса кои, според информациите на риболовното друштво, веќе го пријавиле случајот во Министерството за животна средина.

Total
0
Shares
Поврзани објави