Се намалува бројот на сообраќајни несреќи во земјата

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски вели дека мерките што ги преземаме сообраќајната полиција изминативе два месеци влијаат на свеста на граѓаните бидејќи има тренд на намалување на сообраќајните несреќи.

Како загрижувачка појава,Ангеловски ја истакнува појавата на нерегистрирани скапи возила, што потврдува дека сопствениците на овие возила не се сиромашни луѓе.

„Фаќаме „ауди“, „мерцедес“, „бмв“. Со таквото нерегистрирано возило, без потврда дека е технички исправно е практично убиец на патиштата.Казната е двојна од она што ќе го платите кога би го регистрирале возилото. Ова санкционирање не е само репресивна мерка, туку и превентивна. Заеднички треба да се придонесе за справување со нередот во сообраќајот, изјавил за „Утрински брифинг“ Ангеловски.

Total
0
Shares
Поврзани објави