Се обидел да силува жена во нејзиниот дом во Дебар

Одделението за внатрешни работи од Дебар приведе и лиши од слобода маж кој се обидел да силува своја сограѓанка.

-Во саботата околу 22 часот, го приведе и од слобода го лиши Б.Д.(33) од Дебар поради постоење основи на сомневање дека го сторил казненото дело „обид за силување“. Тој, делото го сторил во домот на 42-годишна жена, жителка на Дебар, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека по целосно документирање на настанот, против Б.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

соопштение СВР

Total
0
Shares
Поврзани објави