Се отвораат базените за пливачките клубови во Македонија, границите , хотелите- детали протоколи

Владата донесе одлука за отворање на базените, засега тие ќе можат да работат само за пливачките клубови со соодветен протокол. 

Македонската влада конечно ги слушна пливачите и им го даде тоа што го бараа, базените се отвараат. На почетокот базените ќе можат да се користат само за регистрираните пливачи, рекреативното пливање се уште нема да биде дозволено. Наскоро ќе биде достапен и протколот според кој ќе работат базените.

д утре се отвораат сите гранични премини во Република Северна Македонија, одлучи Владата на денешната седница. Според соопштението на Владата, продолжуваат да важат мерките  што се активни за справување со пандемијата со вирусот КОВИД-19. Тоа ќе значи дека секој што ќе сака да влезе во државава, ќе мора да приложи на граница валиден негативен ПЦР-тест, не постар од 72 часа и да седи во самоизолација 14 дена.

„Останува и мерката за потпишување Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР“, се вели во соопштението на Владата.

Исто така, останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“ каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава.

Ако граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација.

За хотелите се чекаат протоколите.

Total
0
Shares
Поврзани објави