Се појави Ким Џонг -ун?

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун се појави на 1 Мај отворајќи фабрика, информираа државните медиуми на земјата, пренесе Си-ен-ен.

Според корејската новинска агенција КЦНА, Ким одржал говор на настан одбележувајќи го Денот на трудот, но отворил и фабрика за ѓубрива.

Од отворањето на фабриката е споделена и фотографија на која се гледа како Ким сече црвена лента, а зад него стои неговата сестра Ким Јо-Џонг. Си-ен-ен пишува дека не успеале да ја потврдат автентичноста на фотографијата, а не успеале да потврдат ниту кога е фотографирана.

Total
0
Shares
Поврзани објави