Се повлеков, полицијата не можеше да стори ништо: Болни извици во сведоштвата на жртвите на Јавна соба

„Се повлеков, не излегував од дома. Полицијата не можеше да стори ништо. Агонијата продолжува“. Ова е само дел од суштината во сведоштвата на две девојки кои решија вчера јавно да проговорат што доживеале откако нивни фотографии биле споделени во групата Јавна соба со илјадници луѓе на Телеграм. Прво проговори Ана која се обрати со видео порака, а потоа и друга анонимна девојка. ПОлицијата вели дека и е во траг на групата. 

Девојката која сакаше да остане анонимна вели дека случката била лани. Одеднаш многу луѓе почнале да ѝ го испраќаат својот полов орган на социјалните мрежи, откако, како што вели, во „Јавна соба“ била објавена нејзина фотографија која таа лично пред четири години му ја испратила на тогашното момче. Откако дознала за тоа, девојката се затворила во себе и поради голем срам не излегувала од дома.

Но, работата излегла од контрола кога добила анонимен повик од човек кој ѝ рекол дека ќе ѝ го уништи животот со таа фотографија, па таа веднаш му кажала на својот татко и пријавила во полиција. Полицијата, како што вели, не успеала да му влезе во траг на заканувачот, па девојката сама решила да ја води битката. Со помош на апликација успеала да ја пронајде ИП адресата на заканувачот и сфатила дека се работи за поранешното момче на нејзина другарка.

 Претходно Ана исто така тврдеше 

„Јас сум Ана, една од девојките којашто беше објавена во Јавна соба“ – со овие зборови млада девојка од Кавадарци, жртва на злоупотребите на интернет, одлучи да ја сподели пред јавноста својата приказна за случувањата во „Јавната соба“, која крие многу мрачни тајни. 

Нејзина фотографија, направена на летен одмор, заедно со невкусна порака и телефонски број, биле објавени во групата. Оттогаш започнал нејзиниот кошмар. 

 „Над сликата имаше оставено мои лични податоци и мој телефонски број и надолу опис од некоја личност, која сакала на некој начин да ми наштети или го направила тоа за забава“, вели Ана во нејзиното видео-сведоштво споделено на Инстаграм. Таа започнала да добива пораки и повици на мобилниот телефон, на Вајбер, на Ватсап, на Месинџер и на Инстаграм. Не знаела што се случува, се додека наредниот ден не добила скриншот од нејзината слика, којашто не само што била објавена во „Јавна соба“, туку била препратена и на други места.

Од МВР велат дека прават напори за оваа група во која има над 5000 членови да се затвори, и се обратиле до главното седиште на оваа социјална мрежа, но вратите биле затворени за полицијата. Но, и понатаму бараат жртвите да пријавуваат во МВР.

izvor: faktor.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави