Се рушат дивоградби на Шапка

Општина Тетово со асистенција на полцијата руши дивоградби на Попова Шапка. Во соработка со подрачниот инспекторат од Општина Тетово со соодветна механизација е започнато рушењето. Првично се рушат подигнати бетонски огради на диво изградените куќи викендици. Акцијата ке продолжи деновиве и со рушење на диво изградените викендици.
Интересно е што на овој простор има и Џамија изградена без соодветна документација но не е познато дали и таму ќе се интервенира.
Механизацијата не е повлечена туку паркирана што е најава и дека понатаму ќе се интервенира.

Total
0
Shares
Поврзани објави