Се шират лажни покани од МВР до граѓани за истрага

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека до одредени граѓани и правни лица се шират лажни покани за истрага во име на МВР. Односно сторител лажно се претставува со име на државниот секретар Магдалена Несторовска и упатувалажни покани во врска со наводна тековна истрага за измама во банка.

Од МВР апелираат до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР презема мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Ги известуваме граѓаните дека Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура. Апелираме до граѓаните воопшто да не ги отворат овие електронски пораки, стои во соопштението од МВР.”

Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави