Се смириле страстите во ДУИ, Османи извиси, Меџити ќе биде вице премиер

Се смириле страстите во ДУИ откако двајца пратеници Изет Меџити и Арберн Зибери се заканиле дека нема да гласат за новата влада ако министри станат Артан Груби и Бујар Османи.

Порталот на албански јазик, Алмакос, повикувајќи се на извори од ДУИ тврди дека помирувањето е постигнато со тоа што Бујар Османи ќе биде министер, и на негово место ќе дојде Изет Меџити како вицепремиер, додека Артан Груби ќе биде министер за надворешни работи, функција што требаше да ја извршува Османи.

Ова е потврдено со фактот дека денес Собранието на Северна Македонија треба за започне седницата за да се гласа за реизбор на Талат Џафери за втор мандат на функцијата спикер, а  на предлогот за избор на Џафери, според информациите во медиумите се потпишале  и двајцата пратеници  од ДУИ, Изет Меџити и Арбен Зибери. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави