Се трага по девојче кое вечерва паднало во Вардар

Гостиварската полиција заедно со екипи од Центарот за управување со кризи , Дирекција за заштита и спасување и Против пожарната служба вечерва трагаат по девојче кое паднало во водите на реката Вардар. Oколу 19 часот минувачи виделе и пријавиле дека девојче кое бегало од кучиња скитници кои ја нападнале се лизнала и паднала во водата. Таа паднала во делот од реката во близина на болницата. Веднаш пријавиле во полиција и повикале помош.
Во потрагата се приклучуваат и граѓани а е побарано и ХЕЦ Маврово да го намали нивото на водата во реката.

извор и фото : gostivarpress.mk

Total
0
Shares
Поврзани објави