Се враќа третата смена за магнетна резонанца и мамографија

Директорот на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски најавува повторно воведување на третата смена за магнетна резонанца во поликлиниката Чаир, која беше укината поради кризата со короната и полицискиот час.

-Тие прегледи се вршат од 19.00 до 23.00 часот, а во тој период беше забрането движење за сите граѓани. Инаку, побарувањата за ваквите прегледи се навистина огромни и не  станува збор само за пациенти од Скопје, туку и од сите останати градови во Македонија. Можам да кажам дека 70 отсто од пациентите се од Скопје, а 30 проценти доаѓаат не само од најблиските градови, Куманово, Тетово, Велес, туки има и пациенти од Струмица, Гевгелија, Охрид, Делчево“, изјавил за Фактор Исјановски.

Тој вели дека со воведување на третата смена го решиле чекањето за вакви прегледи.

„Во текот на 2019, во првата половина, магнетна резонанца направиле 1.523 пациенти, а во втората половина 1.400, што на месечно ниво е некаде околу 250 пациенти, вели д-р. Исјановски.

Што се однесува, пак до вакцината против сезонскиот грип, се чека нејзина дистрибуција, а се отвораат и дополнителни пунктови. Д-р. Исјановски вели дека до лани имало само три пункта каде се давала вакцината против сеозонскит грип, а оваа година граѓаните кои ќе сакаат да се заштитат ќе имаат можност да ја примат на повеќе поликлиники во Скопје. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави