Седма жртва од екслозијата во Романовце

Почина уште едно лице од повредените во експлозијата на плинската боца што се случи пред две недели во кумановското село Романовце, со што бројот на загинати се искачи на седум. Почина 55 – годишен маж.

Починатото лице било со над 45 проценти зафатеност на телото со изгореници. Зафатени биле и дишните патишта, а имал и инхалациони изгореници.

Од несреќата во Романовце, се лекуваат уште три лица во старата Градска болница. Во најсериозна состојба е 31-годишно лице. Пациентот е стабилен, но се уште во животна опасност и е поврзан на апарати за дишење.

Во оваа болница е хоспитализирана и бремената жена, кај која состојбата е значително подобрена и е префрлена на одделение. Хоспитализираното десетгодишото дете е со висок процент на изгореници, но во релативно стабилна состојба.

На местото на несреќата што се случи на 23 февруари загинаа три деца на осум, девет и 11 години.

Total
0
Shares
Поврзани објави