Седум лица убиени пред синагога во Виена

Во Виена вечерва се случи страшно крвопролевање пред синагогата во центарот на градот, во близина на Шведенплац. Според весникот „Куриер“, најмалку седум лица загинале, а повеќемина се повредени.

Полицијата им порача на граѓаните да ја избегнуваат областа. Тие наведоа дека ги испратиле сите расположиви сили на терен.

Според австриските медиуми, нападот го извршиле најмалку двајца напаѓачи со автоматско оружје, за што сведочат шокантните снимки снимени од граѓаните од нивните станови, гледајќи на местото на злосторството.

Total
0
Shares
Поврзани објави