Села и Гаши ќе се борат во Собрание да ја рушат владата

Пратениците од Коалицијата на Алијанса на Албанците и Алтернатива нема да ја бојкотираат работата на Собранието, туку ќе се борат во унституциите со сите демократски средства да ја срушат нелегитимната влада на СДСМ и ДУИ.  

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, рече дека нема одлука за бојкотирање на Собранието и дека одлуките во коалицијата ќе се носат заедно.

Тој истакна дека ДУИ нема легитимитет затоа што на власт се дојдени преку злоупотреба, кражба и купување на гласовите на граѓаните.

„Нека им биде јасно, ќе имаат голем противник, да знаат дека спремни сме да им возвратиме со иста мера како што и тие се однесуваат, а ќе има и отпор од нашата коалиција заедно со граѓаните, заедно со Албанците“, најави Села.

Претседателите на Алтернатива Африм Гаши, рече дека траењето на владата ќе биде многу кратко бидејќи без легитимитет таа стои на стаклени нозе.

 „Идната Влада формирана со ДУИ ќе го нема основниот столб, а тоа е легитимитетот. На таа влада заснована на манипулации, лажење, на купување, на заробена држава ќе и фали тој столб легитимитет и ние ќе бидеме тука како коалиција да се бориме против тоа, затоа што оваа влада, со една или две стаклени нозе ќе стои и ние сме убедени дека нема да може да опстои многу долго, рече Гаши.

Гаши најави дека секој ден ќе се борат со демократски средства да ја срушат влада што побргу на легитимен и на легален начин. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави