Села: Со правна држава ќе ја донесеме Европа дома

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Селасмета дека  приоритет во работата, не само на новиот Парламент, туку и на владата треба да биде воспоставување на правната држава.

„Очекувам дека ќе продолжиме со нашите стратешки цели и очекувам дека ќе стигнеме до правна држава, што е многу важно. Тоа ќе ни ја донесе Европа тука и побрзо ќе станеме членка на ЕУ. Тука треба да бидат фокусирани сите пратеници и сите политички партии“, изјави Села.

Тој се надева дека новата енергија ќе донесе и нов начин на размислување и на владеење.

„Верувам дека постарите, по логика и по менталитет, политички лидери и политичари нема да се најдат себеси во овој парламентарен состав“, додаде тој. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави