Селмани бара поодлучен однос на владата кон приватните болници

Поранешниот министер за здравство, Имер Селмани за ТВ 24 изјавил дека министерството за здравство требало да ги стави под една команда сите здравствени капацитети и ресурси, а Владата требало да ги утврдува цените на лекување и наплатата на здравствените услуги. 

Селмани смета дека државата е таа која што треба да предничи со одлуките, а не да чека предлози од приватните болнци. 

„Владата треба под итно по предлог на Министерот да одреди цена ова што сега го гледаме да се договара, преговара за некого да му се обезбеди минимален профит во ваква ситуација тоа значи дека сите губат. Не треба да се гледа никако преку призмата на некавка заработучвачка туку само се одредува цената за ден престој со терапија која што е стандардизирана“, вели Селмани за ТВ24.

Тој оценува дека преговорите со приватните болници се голи и не толку продуктивни затоа што се создаваат сомнеж во јавноста дека Владата не е одлучна во зафатот на капацитетите на приватните болници.

„Во вакви околности најголемата света должност на Владата, а пред се на министерот за здравство е здравјето на своите граѓани и тука треба да биде бескомпромисен и храбар во одлуките“, смета Селмани.

Бројката од 100-тина кревети од приватните болници пак според министерот Филипче ќе биде сосема доволна за да се менаџерира кризата. Филипче претходно изјави и дека граѓаните нема да сносат дополнителен трошок за лекувањето,а за сите услуги на приватните болници, соодветен надоместок согласно постојните закони ќе плаќа државата. 

Total
0
Shares
Поврзани објави