Семејство со две деца биле во “цесната” која се урна на Солуна Глава

Татко, мајка и две деца загинале попладнево при падот на малиот авион „цесна“ некаде околу врвот Солунска Глава во Македонија. Авионот, со германски регистрации, полетал од Охрид за Софија. Остатоците од авионот веќе се пронајдени некаде на планината Јакупица.

Загинаа Георги и Калина Бошнакови и нивните две ќерки, Гергана(14) и Билјана(18). Георги Бошнаков е шеф на одделот Имплементација и одржување на информатичката технологија во Агенцијата за уписи на Бугарија.

Првично е потврдено дека во 16.16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип цесна П210Н, кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија. Пред да го снема од радарот пилотот пријавил дека има силни турбуленции. Два полициски хеликоптери се вклучени во потрагата.

фотографијата е од урнатиот авион

Total
0
Shares
Поврзани објави