Семејството на починат обвинуваат за негрижа во битолската болница

Негрижа за пациентите, дури некои препуштени сами на себе, а за починатите да нема нема кој да ги извести домашните. Со овие квалификации за Клиничката болница во Битола, вчера пред камерата на АЛФА излегоа  најблиските на  79- годишниот Трајко Бојоски, кој во понеделникот почина во Интерното одделение, а до денеска домашните немаат добиено отпусна листа ниту знаат од што почина.

Починатиот, како што велат неговата сопруга и ќерка, со страшни болки и голготи,  неколку пати приман, па враќан и после повеќе саати натегање со докторите, во неделата бил примен во Интерното одделение. Примал само симптоматска терапија како што рече ќерка му, а другиот ден дури го нашле врзан  откако еднаш веќе паднал од кревет.

-Мажот ми беше целиот изврзан како на бесилка. Рацете врзани за креветот и провиснати надолу и нозете врзани и расчекорени. Јас се запрепастив и барам сестра, ама нема, рече сопругата Блага Бојоска, пренесе АЛФА.

При втората посета  до вечерта,  домашните го нашле мртов без претходно да бидат известени и според нив, никој ниту го погледнал.

-Абе како може, тука се слекуваат и облекуваат и никој да нема од персоналот. Кога свриштивме, дојдоа ама беше касно. Три пати што ги побарав, три пати во истата соба беа собрани заедно, од болничарка до сестри. Во салонот бомба да фрлиш- рече ожалостената сопруга.

Ќерката вели дека болницата е во колапс, а персоналот е тотално незаинтересиран за болните и сите се плашат да не закачат корона.

Total
0
Shares
Поврзани објави