СЕРИСКИ УБИЕЦ : Лидија Шерман: “Отровната шампионка”, убивала мажи и свои деца

Лидија Шерман, позната како “Отровната шампионка” е сериски убијци од САД, чиј жртви се обично членовите на нејзиното семејство. Отруени тројца брачни другари, Лидија не застанува таму, туку “го проширува својот дофат” на нејзините и на помладите. Се претпоставува дека има повеќе од 12 жртви.

КОЈА Е ШЕРМАН ?

Лидија Шерман е родена во Бурлингтон во 1824 година со името Лидија Данбери. Таа останува сираче на деветгодишна возраст и е порасната од нејзиниот вујко. Ништо во нејзиното детство не навестувало дека ќе стане такво чудовиште. Таа го напушта градот во 1840 година и се населува во Њу Бранзвик, Њу Џерси, за да работи како шивачка каде со сретнува својот прв сопруг, вдовецот Едвард Страк. Се наоќаат во методистичката црква, чиј член станува и таа.
Седум години подоцна, тие се пресеулваат во Менхетен, каде што Страк почнува да работи во полицијата, а двојката има шест деца. Еден ден Едвард пристигнува на местото на злосторството премногу доцна за да го спречи убиството. Тргнуваат гласини за неговата плашливост и по кратка истрага Страк е отпуштен поради што паѓа во длабока депресија. Животот на Лидија стана исклучително тежок – таа мора да се грижи за децата и да му прости на Едвард по истрелувањето. Тој не успева да продолжи со работа, и по неколку неуспешни обиди, тој дури одбива да работи.. До овој момент, Лидија трпеливо ги толерира ужасните расположенија на нејзиниот сопруг, кои граничат со крајности од заплашување да се самоубие, до брутални тепања и закани да ја убие неа. Но, принудени да заработат за живот и да се грижат за сите деца, еден ден таа одлучува дека не може да продолжи понатаму. Поранешен негов колега во случаен разговор шпекулира дека Едвард ослабел и веројатно нема никогас да се оправи. Според него, би било подобро Лидија да се ослободи од нејзиниот сопруг.
Одеднаш Едвард се разболува. Лекарите биле немоќни и немале идеја како да го третираат, бидејќи не можеле да го дијагностицираат. Наскоро Едвард умира. Вдовицата кажала дека често земал различни лекови во огромни количини. Никој не ја посомневал во жената, принудена да се грижи за себеси за сите нејзини деца. Сите ја жалеле и покрај осигурувањето што ја доби по смртта на нејзиниот сопруг. Никој не ја осомничил за ништо, дури и кога една година по смртта на Едвард сите негови деца го следат до гробот.
Неспособна да се грижи за толку многу деца сама, Лидија ги труе со отров малиот Вилијам, кој во тоа време бил едвај девет месеци, четиригодишниот Едвард и шестгодишен Марта Ен. бидејќи не успеа да се справи со финансисското бреме да ги одгледува. Ист ден, тие почнуваат да повраќаат и докторот поствил дијагноза на “гастричен вирус”. По кратка болест, децата умреле.
Сега, со три деца во куќата, Лидија работела како медицинска сестра и шивачка. Нејзиниот син Џорџ заработувал 2,50 долари неделно како сликар. Но, тој страдал од “сликарство колики” и повеќе не можел да придонесе за семејниот буџет. Лидија го направила својот чај со арсен. Лекарот рекол дека Џорџ починал од “колики бои”.
Најголемата ќерка на Лидија во тоа време живее во куќата на мајката. “Фрустрирана и разочарана”, Лидија одлучила дека ако може да се ослободи и од Ана Елиза, тогаш таа и именуван по неа најголема ќерка, Лидија, би можеле да се справи подобро со финасисите. Истата зима Ен Елиза се разболела од грип и Лидија и направила и неа чај со арсен. Ана Елис починала четири дена подоцна. Истата зима нејзината најстара ќерка, Лидија, умрела од природна смрт, а Лидија Шерман останала сама на овој свет.
Никој не забележал дека целото семејство на Лидија починало под сомнителни околности. Напротив, луѓето искрено ја жалеле. Одеше по градот со тажен израз по секоја смрт, и се плашеше за своите деца и за нејзиниот сопруг.

Денис Херлберт

Во истата зима, малку по смртта на последниот нејзиното дете, Лидија се сели во Конектикат и почнала да работи како домаќинка. Осум месеци продолува да работи во куќата на богатиот Денис Херлберт – земјоделец. Помалку од еден месец откако почнала да работи Денис и понудил брак. Денис не беше сопруг за кој таа сонувала туку само добро ситуриран маж. Но, Лидија била многу внимателна со него и се трудела соседите често да ја гледат како го чешла и негоува. Набрзо по свадбата, младоженецот направил тестамент со кој Лдија е единствена наследничка. Не поминало долго, и тој неочекувано се разболел. Доктор бил повикан веднаш, но не можел да го спаси. Денис ја оставил Лидија вдовица по втор пат во 1868 година. Иако подоцна истрага покажа дека Денис Херлберт починал како последица на труење со арсен, Лидија до смрт негира да му го давала таа.
Тажната вдовица ја наследила 10.000 долари.

Хорацио Шерман, Френки и Ада

Две години живеела убаво и го трошела богатството. Но, до 1870 година нејзините пари се потрошиле и таа почнува да бара трет сопруг. Започнува работа како домаќинка кај Хорацио Шерман во Дерби, Конектикат, каде е ангажирана да се гружи за неговите деца. Но таа наскоро станаува г-ѓа Шерман. Хорацио имал две деца – бебе Френк и четиринаесетгодишна Ада. Таа била вљубена во Шерман, но овојпат Лидија била тепрана оти сопругот пиел и оставил малку пари.
Мајката на сопругот , која живеела со нив, се грижела за синот на Хорацио од неговата прва сопруга. Еден ден, тој пред сопругата кажал нешто во смисла дека сакал Френк да умре, така што неговата мајка повеќе да не живее со нив. Се чинело дека за Лидија тоа е одлична идеја, и таа става арсен во млекото на детето. Потоа ја отрула и ќерката.
Но пиењето на сопругот се влошило. Тој ја сакаал неговата ќерка бесконечно, а нејзината смрт го скршила. Тој ги давал сите пари на Лидија за да му дава за алкохол. Лидија конечно се уморила од него и ставила арсен во шише ракија и колку повеќе пиел, толку повеќе се разболувал.
Кога докторотт дошол се посомневал и не веруваал дека симптомите се совпаѓаат со алкохолизам. Тој се сомневал дека некој го труе. Следниот ден, Хораишо почина, а д-р Бедсли направил аутопсија на телото. Неговите сомневања биле потврдени со хемиската анализа на стомачната содржина на Хореишо Шерман.
Тој починал од труење со арсен и Лидија била уапсена поради неговото убиство. Телата на Френки и Ада биле ексхумирани и откриено дека тие, исто така, починале од труење со арсен. Потоа истражителите ја ексхумирале и Денис Херлберт и додадале уште едно обвинение за убиство на случајот на Лидија Шерман.

СУДЕЊЕ

Процесот против Лидија Шерман започнал на 16 април 1872 година и траело осум дена, а го следеле сите весници. Во статиите се пишувало како луѓето ја дожувувале Лидија како скромна жена која на 48 години во судница дошла со црн фустан црно бел шал, сламена шапка и излегдала мирна но и мрачна.
Одбраната се обидела да го убеди судот дека сопругот Шерман испил арсен случајно или пак се e обидел да се самоубие поради финансиски тешкотии и скорешната смрт на двете деца. Но доказите против Лидија биле несоборливи.Таа била прогласена за виновна за убиство и осудена на доживотен затвор. Ако ѝ се судело во друга држава или ако е маж, таа ќе била осудена на смрт со бесење.

БЕГСТВО

Лидија била погребана во затворот Шаат во Конектикат, каде што поминала нешто повеќе од четири години пред да избега. По долгата подготовка, помогната од неколку чувари и неколку пријатели успева да побегне но полцијата ја фатила и вратила во затворот.

За нејзиниот неверојатен живот се напишани и неколку книги.

Total
0
Shares
Поврзани објави