Сеуште нема закажано седница на Собрание за избор на влада

Засега на веб страната на македонското Собрание не е закажана седница. 

„За денешниот ден нема закажано пленарни седници и седници на работни тела“, ова се уште стои на веб страницата на законодавниот дом. 

Финалниот рок во кој треба да биде поднесен предлогот за состав на новата влада е 2 септември. 

Веќе не е тајна дека новата владина коалиција имаше проблеми со обезбедување собраниско мнозинство, откако неколку ограноци на ДУИ изразија незадоволство од некои кадровски решенија на лидерот Али Ахмети.

Во саботата ДУИ го предложи Јетон Шаќири за министер за информатичко општество и администрација, а претходно лидерот на партијата Али Ахмети ги обелодени и имињата на останатите министри. Според таа објава, Артан Груби ќе биде вицепремиер и министер за политички систем, Фатмир Бесими министер за финансии, Бујар Османи за надворешни работи, Крешник Бектеши за економија и Насер Нуредини за животна средина.

За ограноците на ДУИ од Чаир, Сарај и Куманово неприфатливо е на местото вицепремиер да биде Артан Груби, а не се задоволни и од решението Бујар Османи да остане во власта. Без гласовите на пратениците од овие ограноци, коалицијата СДСМ-ДУИ нема да има 61 глас во Собранието за изборот на новата влада. Р.Д.

Total
0
Shares
Поврзани објави