Северна Македонија нема да користи кинеска 5Г технологија

Северна Македонија и САД денеска ќе потпишат меморандум за разбирање за безбедност во 5Г-технологии, со кој Скопје ќе се обврзе дека не користи технологија од „непроверени и некридиблни“ производители.

Со овој меморандум во Северна Македонија ќе се оневозможи инсталирање чувствителна телекомуникациска опрема, произведени од кинеските телекомуникациски гиганти „Хуавеј“ и „ЗТЕ“, која може да биде злоупотребена за собирање податоци за македонските граѓани.

Слични договори САД потпишала со Франција, Велика Британија, Холандија, Данска, Норвешка.

Овој договор ќе оневозможи Телеком, каде државата има 35 посто од акциите, да увезува кинеска технологија за 5Г-мрежа.

Total
0
Shares
Поврзани објави