Шилегов бара укинување на државните инспекторати

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов смета дека системот на инспекциски надзор е нефункционален и треба веднаш да се промени преку укинување на централните инспекции служби и формирање нови општински или регионални, кои многу поефикасно ќе ја завршат работата.

Тој вели дека може да постои еден државен инспекциски орган, кој ќе врши контрола над останатите инепкторати.

 „Недавањето на градоначалниците моќ или оставањето можност за институционален пинг-понг е причина поради која се наоѓаме во ваква состојба на терен. На пример, јас сакам да спроведам акција на Битпазар. Треба да се молам со Пазарна“, изјави Шилегов на дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што ја организираше НВО Инфоцентарот.

Тој смета дека имаме најлош Државен инспекторат за животна средина, каде има многу субјективни слабости.

„Градскиот инспекторат излегува да мери ниво на загаденост на реки, па градски инспекторат фаќа криминал со медицински отпад. Медиумите се тука, прашајте ги обвинителите до каде се со тој предмет. Знаете дека стои?“, праша Шилегов.

Според него, треба да се укине и лиценцирањето на инспекторите, со што град Скопје може да мобилизира на терен до 100 инспектори од разни области.

„Ако ја тргнеме ступидноста на имањето лиценци тогаш ќе имаме 100 и кусур луѓе на терен за се. Е, тогаш ќе се прашаме дали ќе имаме случаи како Матка и Мавровка, ги кажувам како најекстремни. “, исткна Шилегов.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина бебе родено дома

Во Полициската станица Крушево од Итната медицинска помош Крушево вчера во 01,30 часот било пријавено дека во куќата…