Шилегов: Гoдинава не сум боцнат од комарец!

Состојбата со комарците веќе е ублажена, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој очекува в петок кога ќе заврши прскањето против возрасните комарци да заврши и маката на скопјани. Но, за разлика од повеќето граѓани, Шилегов вели дека него цела година не го каснал ниту еден комарец.

Секогаш кога се прска треба да се мисли пред сè на здравјето на луѓето, затоа што прскате хемикалија и токму заради тоа таа мора да биде по сериозни протоколи и препораки од здравствените власти, рече Шилегов.

На прашањето: Скопјани постојано негодуваат дека добиваат убоди од комарците. Па сакам да ве прашам, дали вие добивате убоди? – тој одговори:

Годинава не. Јас живеам во Тафталиџе немам слушнато дека имаме проблем, барем во соседството во коешто јас живеам, одговори Шилегов.

Total
0
Shares
Поврзани објави