Шилегов: Градот Скопје ќе плати чартер лет и прослава за играчите на Вардар

По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје!

Поаѓаат од Келн попладнево во 16.30. Слетуваат во Скопје во 18.50.

Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.

Спортот обединува.

Се гледаме вечерва на градскиот плоштад “Македонија”, објави Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Информацијата дека играчите на Вардар ќе дојдат порано со нов лет наместо на полноќ ја објавија утринава и Комитите. Се очекува голем пречек на Европските прваци во ракомет.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Заразената болничарка од Инфективна клиника носела заштитна опрема при негување на починатата пациентка од конго-кримска хеморагична треска

Болничарката од Клиниката за инфективнои болести која се зарази со конго-кримска хеморагична треска, носела ракавици и заштитна опрема…